Поради обилните дождови кои го зафатија подрачјето на Скопје, дојде до излевање на Маркова река од нејзиното корито. Во моментот, за сообраќај е затворен и во двете насоки локалниот пат што ги поврзува селата Горно Лисиче и Долно Лисиче, како и пристапот до селото Батинци. Со цел да се овозможи безбедност во сообраќајот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај има воведено специјални мерки. СВР Скопје ги повикува сите граѓани кои учествуваат во сообраќајот да ги следат и почитуваат упатствата на полициските службеници за да се осигури нивната сигурност и безбедност на патиштата.
The post Посебен сообраќаен режим во дел од Скопје поради временски услови appeared first on 365.mk.