ПОСЕН СЕНДВИЧ СО ТУНА: Зачинет вкус кој ги освојува сите сетила

Состојки (за 2 сендвичи):

1 конзерва туна во саламура или вода1 лажица маслиново масло1 лажичка сок од лимонСол и бибер по вкус1 мала краставица (свежа), исечена на парчиња или ситно исечкана1 мал домат или неколку чери доматиМалку зелена салата, рукола или спанаќ1 лажица посен мајонез (по желба)4 парчиња леб (целосно пченичен или бел) или 2 посни кифлички

Подготовка:

Во сад измешајте ја туната, маслиновото масло и сокот од лимон. Зачинете со сол и бибер по вкус.

Ако сакате покремаста верзија, додадете една лажица посен мајонез.

Исечете ја краставицата и доматот на тенки парчиња. Измијте ги и исушете ги листовите зелена салата.

Ставете лист зелена салата на првото парче леб.

Намачкајте ја половина од подготвената туна врз неа.

Додадете ја краставицата и доматот.

Покријте со друго парче леб.

Пронајдете не на следниве мрежи: