Новиот канадски премиер, Марк Карни, за својата прва официјална странска посета ќе избере Париз и Лондон, имајќи за цел да ги зајакне врските со Европа во време на зголемени тензии со Вашингтон. Неговата мисија е да ги поттикне трговските и воените врски со двата најблиски и најдоверливи партнери на Канада, изјави премиерот Карни.
Канада, чија популација изнесува 41 милион, се наоѓа во безпрецедентна криза. Американскиот претседател Доналд Трамп отпочна трговска војна со Отава, со идеја дека би сакал Канада да стане “51-та американска држава”.
Карни, кој ја презеде премиерската функција на 14 март, планира прво да се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон, а потоа со британскиот премиер Кир Стармер и кралот Чарлс Трети. Според информациите од Елисејската палата, Карни и Макрон ќе дискутираат за руската воена агресија во Украина и за важни проекти во рамките на нивното стратешко партнерство. Во меѓувреме, средбата со Стармер ќе биде посветена на теми како што се зајакнување на трансатлантската безбедност, развојот на секторот за вештачка интелигенција и стабилни трговски односи.
Велика Британија претставува трет најголем трговски партнер на Канада, со годишна размена која се проценува на 61 милијарда канадски долари, што изнесува околу 40 милијарди евра.
The post Посета на Канада на Париз и Лондон appeared first on 365.mk.