Асоцијацијата „Глобал бизнис травел“ објави дека се очекува во 2019 година авиобилетите да поскапат и до 7%, додека цените во хотелите може да се зголемат до 5%.
Предвидувањата за 2019 година покажуваат дека зголемувањето на цените на хотелите ќе биде поттикнато од зголемената побарувачка за авионски летови.
Се очекува дека цените на хотелските соби во САД и Европа ќе се зголемат за повеќе од пет проценти. Инаку, веќе се забележани промени во цената на чартер-летовите.
Според извештајот, поради високите цени на нафтата, повеќето авиокомпании сега се во загуба, што значи дека цените во воздушниот сообраќај ќе се зголемуваат, и како резултат на тоа ќе има поскапување и во туристичката индустрија.