Поскапуваат цигарите

Од два до четири денари поскапуваат цигарите и разни други тутунски производи од денеска поради измените на Законот за акцизите донесен во октомри годинава.

Тој предвидува усогласување на акцизната стапка кај цигарите со минималната акцизна стапка во ЕУ, како и изедначување на учеството на вкупната акциза на цигарите во пондерираната просечна малопродажна цена со онаа пропишана во Директивата на ЕУ.

Мицкоски кој врши тотална партизација ветува деполитизација
Изјавите на Мицкоски за „деполитизирана и професионална администрација“ се ништо повеќе од празни зборови кои се целосно спротивни на реалноста што ја креира неговата …
КОД: Лани имал забрана за влез во Македонија, сега држел верски проповеди во театар
Официјалните разузнавачки податоци говорат дека на Блискиот Исток сѐ уште се борат четворица македонски државјани. Најголем дел од повратниците се деца, кои по воените …

– Овие измени произлегуваат од Директивата од 21 јуни 2011 година за структурата и износот на акциза за тутунски производи, со која се предвидува усогласување на вкупната акциза со утврдениот минимален износ на вкупна акциза во ЕУ кај цигарите. Дополнително, во Предлог Законот се предвидува доуредување на членовите од Законот за акцизите во делот на денатурираниот алкохол. Оваа измена произлегува од Директива од 29 јули 2020 година за усогласување на структурите на акцизите за алкохол и алкохолни пијалоци – пишува во образложението на законот.

Со предложените измени, мерните уреди за мерење на количина се различни од мерните уреди за мерење на волумен, се врши дополнување на одредбите за постапката на денатурирање на етил алкохол. Исто така се олеснува постапката за издавање на одобрение за повластен корисник на наведените субјекти имајки предвид дека овој услов се применува за издавање на одобрение за повластен корисник на деловни субјекти кои акцизните добра ги користат при производство. Исто така се уредува воведување растителен билен производ за пушење по пат на загревање, независно дали содржи или не содржи никотин, кој ќе подлежи на акциза, со цел ограничување на здравствените ризици поврзани со употребата на истиот, односно дефинирање на растителниот (билен) производ за пушење.

Се дефинира новиот акцизен календар, се дефинира износот на акцизата на цигарите и другите тутунски производи, како и течноста за електронска цигара. Потоа се врши усогласување со Законот за прекршоци во делот за водење на прекршочна постапка и ревидирање на прекршоците согласно тежината на прекршокот.

Предлагачите на овие законски измени, предвиделе дека со спроведувањето на измените на Законот за акцизите ќе има позитивни прилив во Буџетот на Македонија во износ од 797 милиони денари во 2024 година, 883 милиони денари во 2025 година и 782 милиони денари во 2026 година.

– Се предвидува измена на законот во делот на тутунските производи во насока на усогласување на акцизната стапка кај цигарите со минималната акцизна стапка во ЕУ кај цигарите, како и изедначување на учеството на вкупната акциза на цигарите во пондерираната просечна малопродажна цена со онаа пропишана во Директивата на ЕУ. Дополнително, се предвидува доуредување на членовите од Законот за акцизите во делот на денатурираниот алкохол – се појаснува во законот.

Деталите откриваат и дека предлагачот утврдил и казни за непочитување на законските одредби. Паричните казни почнуваат од 50 евра, но може да достигнат и до 4.000 евра, зависно од прекршокот и другите причини за изрекување на глоба.

Имено, од 1 јануари 2024 година заклучно со 1 јануари 2030 година износот на специфичната и минималната акциза на цигарите се зголемуваат за 0,23 денари по парче на 1 јануари секоја година. Исто така на 1 јануари 2024 година, износот на специфичната акциза на пури се зголемува за 4 денари, а од 1 јануари 2025 година заклучно со 1 јануари 2030 година за 2 денари по парче на 1 јануари секоја година.

Акцизата за цигарилоси во 2024 година се зголемува за 2 денари, а од 1 јануари 2025 година заклучно со 1 јануари 2030 година за 1 денар по парче на 1 јануари секоја година. Од 1 јануари 2024 година заклучно со 1 јануари 2030 година, износот на специфичната акциза на несогорливиот тутунски производ се зголемува за 350,00 денари по килограм нето тежина на тутунска смеса на 1 јануари секоја година. На крај, акцизата на течноста наменета за полнење на електронска цигара се зголемува за 0,20 денари, по милилитар волумен на 1 јануари секоја година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.