Поскапувањето на цената на нафтата на светските пазари се одрази врз нафтените деривати во Македонија па затоа од денеска возачите ќе полнат резервоари по цени кои бележат скок.
Согласно новата одлука на РКЕ која стапи по полноќ бензинот „супер-98“ поскапува за три денари и ќе се точи по 70,5 денари за литар.
2,5 денари поскапува и „Супер-95“ кој ќе чини 68,5 денари.
Не останува имун на поскапувањето и дизелот, кој бележи раст на цената од половина денари и ќе се продава за 61 денар.
Овие цени важат во следните две недели.