Последната порака на патникот ја заледува крвта во вените! Откриена причината за големата трагедија на аеродромот во Јужна Кореја? Авионот како камиказа се урна – 179 мртви!

Авионот „Боинг 737-800“ се обидел да слета околу 09:03 часот по локално време, откако, наводно, не му се отворила опремата за слетување.Авионот се лизнал по пистата, а потоа удрил во ѕидот на аеродромот, се скршил на два дела и експлодирал, пишува Гардијан.Од друга страна, локалниот телевизиски канал MBC емитуваше снимка на која се чини дека го прикажува инцидентот со птицата додека авионот се спушта.Пожарникарите, исто така, се сомневаат дека ударот на птици и лошите временски услови се причина за несреќата , но точната причина е под истрага, изјави Ли Женг-хјун, началник на пожарникарската служба во Муан. Делот од опашката на авионот изгледа недопрен, но „обликот на остатокот од авионот е непрепознатлив“, додаде Ли.Предупредување за удар на птица било испратено до авионот од контролната кула пред фаталната несреќа, соопшти Министерството за транспорт на Јужна Кореја, пренесува Би-Би-Си.
❗️✈️🇰🇷 – Death toll from plane crash in South Korea rises to 47, more than 130 people still missing. The incident occurred when a Jeju Air flight, carrying 181 passengers and crew from Bangkok, veered off the runway upon landing, colliding with a barrier and bursting into… pic.twitter.com/A9eFiyTFpw— 🔥🗞The Informant (@theinformant_x) December 29, 2024
Еден патник наводно им испратил порака на роднините дека птица била заглавена во крилото на авионот пред падот, според News 1. Неговата последна порака, наводно, била: „Дали да ги кажам моите последни зборови?“Сведоците пријавиле дека слушнале силен удар пред авионот да удри во ѕидот.
BREAKING: Video shows crash of Jeju Air Flight 2216 in South Korea. 181 people on board pic.twitter.com/9rQUC0Yxt8— BNO News (@BNONews) December 29, 2024
Доколку се потврди бројот на загинатите, тоа би била најтешката катастрофа во јужнокорејската цивилна авијација и првиот голем инцидент со жртви во кој е вклучен евтин превозник.На социјалните мрежи се појави страшна снимка од несреќата, на која се гледа како авионот со полна брзина удира во ѕид пред да експлодира.

Пронајдете не на следниве мрежи: