Големиот Пеле почина во Бразил на 83-годишна возраст , по битката со агресивниот рак на дебелото црево, со кој се бореше од 2021 година. Тој почина на 83-годишна возраст и остави толку многу зад себе што засекогаш ќе се нарекува „крал “ во Бразил, како и низ целиот свет.
Трикратниот светски шампион последните денови ги помина во болница , со поддршка од своите најблиски. Неговата ќерка Кели Насименто се прости на социјалните мрежи со фотографија на која се гледа раката на Пеле и рацете на најблиските. „ Се што сме е поради тебе. Те сакаме бескрајно. Почивај во мир “, напиша таа.
Пеле имаше три брака и во нив имаше три деца – Кели (55) е најстара, а со неа Едињо (51), Џенифер (43) и близнаците Џошуа и Селест (25). Ја имаше и Сандра, која почина во 2006 година од рак, а во 1968 година имаше уште една вонбрачна ќерка Флавија (53).
„Инспирацијата и љубовта го одбележаа патот на кралот Пеле, кој почина денеска мирно. На своето патување, Едсон го плени светот со својата генијалност за спортот, ја прекина војната, се занимаваше со социјална работа низ светот и го шири она во што најмногу веруваше: лекот за сите проблеми – љубов. Неговата денешна порака ќе остане во наследство за идните генерации. Љубов, љубов и засекогаш љубов.“