ПОСЛЕДНА ВЕСТ: Трагедијата во Нови Сад е од страшни размери – откриено колку тела се извлечени

Српскиот премиер Милош Вучевиќ се обрати до јавноста.

„Ова е еден од најтешките денови во историјата на Нови Сад. Ова е страшна трагедија. Сакам да изразам сочувство до семејствата на жртвите во името на Владата на Република Србија и сите присутни овде. благодарам на сите работници кои помагаат и се борат да ги спасат луѓето кои се под урнатини“, рече Вучевиќ.

-Ќе инсистираме да се најдат одговорните“, рече Вучевиќ. По него зборуваше Ивица Дачиќ.

„Спасувачите беа тука веднаш по добивањето на повикот. Неколку часа подоцна беше во тек спасувачката акција. Со тешка механизација учествуваат повеќе од 80 спасувачи од повеќе градови“, рече Дачиќ.

„Исклучително тешка акција која ќе трае неколку часа. Осум тела се извлечени од урнатините. Две лица во болница кои преживеаја, со тоа што состојбата на едното е доста сериозна. Имаме контакт со две лица кои се под урнатините, “ изјави Дачиќ.

Како што изјавил, комуницира со две лица кои се наоѓаат под урнатините, од кои едното е 14-годишно девојче.

Пронајдете не на следниве мрежи: