Последниот „бедем“ на Мицковски. Одбрана која сигурно ќе го одведе во „светла иднина“

Да не е тажно ќе биде комично. И тоа многу смешно. Еве ги гавазите на Мицко кои се сметаат самите себе за негови првобранители и со право да денунцираат секој што не им се бендисува. Тажно, богами трагично.
МиЉенко беше учесник во камарилата што го собори Груевски. Прво го скара со цел свет. Знаете оној типон што дилаше фејк визи за што беше правосилно осуден на затвор. Но Груевски го зеде во своја милост дека овој се вклопуваше во планот да се изживува со секој што не е истомисленик со неговиот газда. Но, тоа можеше кога ВМРО имаше 150 медиуми под контрола и кога имаше државни пари истите да ги финансира. Таа приказна заврши. Ама џафкачот сеуште живее во светот на приказните. Па мисли дека на некој му е гајле што раскажува на Јутјуб (оти му ги укинаа сите емисии, бидејќи е првокласен простак). Но, тоа е негов проблем. Може да си лечи комплекси колку сака со „онанирање“ на фејсбук. Со тоа нема никакво влијание. Освен ако сакате да се смеете на глупостите. И се смеат многумина. Тажна е таа држава каде што неписмен и нереализиран човек од таков тип, со криминално минато по секоја цена сака да биде креатор на јавното мислење. А всушност е обичен извршител. До некни на Сашо, денеска на Мицко…
Но, екипата во послено време е зајакната со нови важни имиња. Едното е Борислав Стоиљковиќ викан Психо. Како ли е дојден до прекарот не знаеме. Но може да претпоставуваме… Или не мораме. Толку. Табула раса. Празен лист хартија, горд што е Србин…
За да на крај стигнеме до главната „хероина“, извесната Славица. Некои викаат дека била соработник во случувањата од 27 април. Не знаеме дали е вистина. Но, каде има дим…
тОЛКУ ЗА ОВИЕ ТРИ ЛИКА. нАМЕРНО ПИШУВАМЕ ОБРАТНО. оТИ ОБРАТНА Е СИТУАЦИЈАТА.
Имено не се криви они. Сакаат да се клиенти. И Мицко си ги прибрал. Да го бранат. Оти му треба бранење. Од оние на другата страна. Од оние што ги нарече ФЕКАЛИИ а сега сака да ги смета како кредит пред избори. Госн Мицкоски имате идеја каде терате со овие ликови? Мислите дека одите напред? Ако, ако… Ама да не е провалија пред вас? Сетете се каде го однесоа Груевски. Истите овие или слични на нив ефтини извршители.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.