Секоја четврта коцка мраз за разладување на пијалаци во европските барови, кантини и ресторани не ги исполнува здравствените стандарди и содржи феклани бактерии како ешерихија коли, покажа истражувањето спроведено од Здружението на хемичари на швајцарските кантони.
Анализата покажала дека 26 проценти од земените примероци биле хемиски и здравствено неисправни, бидејќи во мразот биле пронајдени бактерии како ешерихија коли, псеудомнас и ентеркоки, а тие може да предизвикаат гастроинтестинални проблеми.
Претседателот на здружението Отмар Дефлорин вели дека тие резултатите укажуваат на нехигиенските услови на работа на апаратите за правење мраз, кои често се чуваат во подруми, лошо се одржувани, а на квалитетот на водата воопшто не се посветува внимание.
Од сега размислете дали ќе нарачате пијалак со мраз!