После ова, никогаш повеќе нема да ја ставате храната во алуминиумска фолија

Дали сте и вие дел од луѓето кои сите остатоци од храна ги замотуваат во алуминиумска фолија, па дури и ја подготвуваат храната во неа?
Повеќе немојте да го правите тоа, бидејќи лекарите издадоа шокантно предупредување.
Имено, алуминиумот од оваа практична фолија многу лесно влегува во вашите намирници, а колку температурата е поголема, повеќе алуминиум завршува во храната која ја јадеме.
„Тоа може да доведе до опасни болести“, предупредува доктор Зубаиди, еден од авторите на студијата.
Лекарите предупредуваат дека станува збор за количини кои се исклучително штетни за здравјето. Опасно е да се подготвува храна во алуминиумска фолија, да ја подгревате во неа и да оставите во неа да се лади.


„Таквата фолија никако не е погодна за готвење, но ниту за користење за складирање особено кај некои намирници како што се доматите или зачините“, објаснува доктор Зубаиди и предупредува дека со акумулацијата на алуминиум во телото може да се појават сериозни болести како што се, на пример, остеопороза и Алцхајмерова болест.
Премногу алуминиум доведува и до високо ниво на калциум во крвта, што е и најчест показател дека во телото има премногу алуминиум. Во претходни студии е пишувано и дека кај болните од Алцхајмер е пронајден наталожен алуминиум во мозочното ткиво. Тоа го утврдиле по смртта на болните, кога со обдукција го проучувале мозокот
Доктор Зубаиди вели дека алуминиумската фолија не е опасна за здравјето ако во неа се става ладна храна, но напоменува дека треба да се избегнува и алуминиумскиот прибор за јадење и садови.
За готвење подобро е да користите мрсна хартија за печење.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.