Маж од Индија е во затвор под обвинение дека ги убил сопругата и двегодишната ќерка пуштајќи кобра во нивната соба.
Инцидентот се случил во село во областа Ганџам во Одиша.
- Пејачката на работ од анорексија: Кога се појави на промоција сите зјапаа во нејзиното тело, ѝ се оцртуваат коските (фото)
- Трите најфлексибилни хороскопски знаци: Сè може да се договори со нив
- Лавров: Со нетрпение го очекуваме предлогот на Трамп за решавање на кризата во Украина
- Рации во Белорусија: Апсење членови на семејства и пријатели на политички затвореници пред претседателските избори
- Што се случува со телото ако имате интимни односи наутро? Експертите открија работи кои не сте ги претпоставувале
Локалните медиуми јавуваат дека маж (25) се скарал со сопругата (23) со која има ќерка . NDTV известува дека тој наводно ја купил кобрата од тренер на змии велејќи дека ќе ја користи за религиозни цели.
На 6 октомври, Ганеш, ослободил змија од пластична тегла во просторијата каде што спиеле неговата сопруга и ќерка . И двeте биле пронајдени мртви со траги од каснување од змија следното утро, додека таткото тврдел дека спиел во другата соба.
На соседите им рекол дека во куќата влегла змија и му ги каснала сопругата и детето. Локалните жители ја убиле змијата и ги однеле мајката и ќерката во блиската болница каде што им била констатирана смрт.
Полицискиот началник на Ганџам рече дека таткото на неговата сопруга веднаш го обвинил за убиство. Започнала истрага и полицијата испрашувала ракувачи со змии во локалната област.
Мажот првично ги негираше обвиненијата, но на крајот ги призна злосторствата за време на испрашувањето, соопшти полицијата.
– Обвинетиот е уапсен еден месец по инцидентот бидејќи доцнело при собирањето докази против него. Го добивме и обдукцискиот извештај од кој јасно се посочува дека смртта на мајката и ќерката настапила доцна вечерта на 6 октомври. Ова покрена сомнеж за тоа како змијата можел да остане во иста просторија до утрото неколку часа откако ги каснала. На распитот тој ги негираше обвинувањата, а подоцна тврдеше дека змијата можеби сама влегла во просторијата, но на крајот призна дека го сторил делото – според началникот на полицијата.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.