
Кога во далечната 1954 година родителите им се разведиле, Маргарет останала во Шкотска со нејзината мајка, а Ален и братчето Стјуард заминале во Англија со таткото. Родителите ги прекинале сите врски, па сестрата и браќата немале никаков контакт цели 60 години, но никогаш не се заборавиле. По низа неуспешни обиди да ја пронајде својата сестра, Ален објавил фотографија на Фејсбук, веројатно една од последните заеднички пред распадот на семејството. Фотографијата дошла до Маргарет која исто така се обидувала да ги пронајде браќата.
67-годишната Маргарет и 66-годишниот Алан се сретнале по цели 60 години, а Алан повторно ја прегрнал и својата мајка која денес има 88 години.