Одредбите од Преспанскиот договор по шахтите се применија и за спомениците на најмаркантните личности од историјата во центарот на градот.
“Во чест на Александар Велики, историска фигура која припаѓа на античката Хеленска историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство. Овде е претставен како воин на коњ“, пишува на ознаката поставена на споменикот на Александар Велики. Ознаки се поставени и кај спомениците Олимпија и Филип Втори.
Историчарот Скендер Асани, за ТВ“21“ кажа дека ова прашање ќе ги подобри односите со соседната земја, но ќе ги наруши оние во земјава. Асани со став дека со поставување на овие ознаки, се изобличуваат историографските факти.
-Античка Македонија била во тракиско-илирски состав, ова го сведочат сите стари автори, но и подоцнежни историчари. Убеден сум дека многу брзо оваа политика ќе биде демантирана, која се прави со поставување на плочи, сквернавејќи ја историјата. Јас како историчар апелирам до Владата што поскоро да се отстрани оваа плоча, која претставува историска измислица. Бегајќи од еден проблем се создаваат други проблеми во државата – вели Асани за ТВ“21“.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.