Во Белград денеска се појавија контроверзни плакати од конзервативното движење „Наши“, на кои се ликот на Доналд Трамп и Илон Маск, со пораката „Да ја направиме Србија повторно голема“ и карта која прикажува Македонија како дел од Србија.
Движењето објаснува дека акцијата има за цел да ја истакне потребата Србија да ја врати својата позиција на Балканот и во светот, како и да се исправат историските неправди. Поддржуваат Трамп како лидер кој се бори за суверенитет и национални интереси, што ги инспирирало да ја понудат својата визија за Србија.
„Наши“ повикуваат на национално единство и обединување за враќање на Србија на местото кое и припаѓа, нагласувајќи ја важноста на суверенитетот, историјата и идентитетот на српскиот народ.