сабота, 28 ноември 2026
Најново

ПОСТИГНАТ ДОГОВОР МЕЃУ РУСИЈА И САД ЗА УКРАИНА! Шокантно обраќање на Трамп: Го постигнавме овој договор со Путин

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека средбата со рускиот лидер Владимир Путин во Алјаска била исклучително успешна и дека е постигнат договор за продолжување на разговорите во насока на директен мировен договор што би можел да ја заврши војната во Украина.– Одличен и многу успешен ден во Алјаска! Средбата со претседателот Владимир Путин од Русија помина многу добро , исто како и телефонскиот разговор доцна во ноќта со претседателот на Украина Володимир Зеленски и разни европски лидери, вклучувајќи го и високо почитуваниот генерален секретар на НАТО –  напиша Трамп на социјалната мрежа Trut Social.Фокусирајте се на мир, а не на примирјеТрамп нагласи дека сите страни се согласиле дека патот кон мир во Украина е можен само преку сеопфатен договор, а не преку привремени договори за прекин на огнот.– Беше одлучено дека најдобриот начин да се стави крај на ужасната војна меѓу Русија и Украина е директно да се оди кон мировен договор, кој навистина би ја запрел војната, а не кон едноставен договор за прекин на огнот, кој често не трае –  рече американскиот претседател.Тој, исто така, најави нова рунда разговори со украинскиот лидер:-Во понеделник попладне, претседателот Зеленски ќе дојде во Вашингтон, во Овалната соба. Ако сè оди добро, тогаш ќе закажеме нова средба со претседателот Путин –  рече Трамп.Самит во Алјаска – историски состанокСредбата меѓу Путин и Трамп се одржа на 15 август во воената база Елмендорф-Ричардсон во Анкориџ. Во формат „три на три“, разговорите траеја два часа и 45 минути. Од руска страна присуствуваа министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и помошникот на претседателот Јуриј Ушаков, додека САД ги претставуваа државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник Стивен Виткоф.Трамп заклучи дека се отвора простор за историски договор што би можел да го промени текот на војната:– Доколку се исполнат сите услови и дијалогот продолжи со ова темпо, потенцијално можат да се спасат милиони човечки животи –  истакна американскиот претседател.

Поврзани вести