Едно од најсолените води на светот и идеално за луѓе кои не знаат да пливаат. Се наоѓа на границата помеѓу Јордан и Изреал и претставува најниска точка на светот.
Местото е идеално за луѓе кои сакаат да се капат во морски пространства во текот на целата година затоа што температурата во тој предел не паѓа помалку од 30 степени од рана пролет до доцната есен, а во текот на летото достигнува и преку 40 степени.
Пливањето е невозможно, единствен начин е да плутате на грб поради необично големата концентрација на сол и со тоа припаѓа во едно од трите најсолени места на светот. Соленоста во Мртво Море изнесува 33%. Само за споредба, Средоземно Море има 3% соленост. Сепак Мртво Море не е најсоленото море на светот, од него посолени се Асалско езеро (35%) во источна Африка и езерото Дон Хуан Понд (40%) на Антарктикот. Поради големата степен на сол, условите за живот се сурови во Мртво море. Во тие води можат да преживеат само ретки микроорганизми како што се анаеробните бактерии.
Лековитата кал од Мртво Море уште старите Еѓипјани ја користеле за процесот на мумификација, а истата се користи и до денешен ден бидејќи е богата со безброј минерали. Солта и минералите во водата и тоа како му годат на здравјето на луѓето, па не не изненадува дека уште од времето на Клеопатра, доаѓале да се лечат од псоријаза и други кожни болести, болести на коските, како остеопороза и артритис. Клеопатра ја употребувала водата како „еликсир на младоста“ и „балам за убавина“.
На пустинските и камени брегови има голем број термални извори и басени со пелоидна кал. Може да се сончате , а воопшто да не изгорите, затоа што сончевите зраци ефикасно се филтрираат низ дополнителниот слој на воздух од 400m. со што спектарот од UVB зраци значително слабее и кожата не може да изгори. Така што Мртво море е пакет – три во едно, одморалиште, бања и атракција.
За жал научниците сметаат дека Мртво Море ќе исчезне за неколку децении. Дел поради климатските промени, дел поради тоа што жителите на Јордан и Изреал црпат вода за наводнување од реката Јордан. Затоа, час поскоро да се посети и ужива во неговите благодети.
Пронајдете не на следниве мрежи: