Построга контрола за кинеските онлајн продавници

Германскиот министер за економија Роберт Хабек изјави дека сака построга контрола на кинеските онлајн шопинг портали „Тему“ и „Шеин“, како и укинување на прагот од 150 евра за царинење, пренесува агенцијата „ДПА“.Неговото министерство веќе подготви нацрт акционен план за е-трговија, во кој агенцијата имала увид.Секој што купува на интернет мора да смета на безбедни производи. Отровните материи немаат место во облеката или играчките. Дополнително, германските и европските компании не треба да бидат во подредена пазарна позиција бидејќи некој друг ги заобиколува регулативите, рече Хабек.Азиските платформи за онлајн шопинг обично испорачуваат стоки со авион, а клиентите не плаќаат царина за нарачки до 150 евра.Хабек ја повика и Европската комисија да ги консолидира податоците за заобиколување на прописите во тој сегмент од трговијата.„Тему“ и „Шејн“ се исклучително популарни во Германија. Сепак, трговците, политичарите и организациите на потрошувачи често го критикуваат квалитетот на производите што пристигнуваат преку овие канали, недостатокот на контрола и заобиколувањето на регулативите за заштита на конкуренцијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: