Американскиот федерален апелационен суд денеска ја потврди пресудата од пет милиони долари што Е. Џин Керол ја доби против новоизбраниот претседател на таа земја, Доналд Трамп, кој поротата го прогласи за виновен за сексуална злоупотреба, а подоцна и за клевета на поранешниот колумнист на списанието Elle.Одлуката ја донела тричлената комисија на Вториот окружен апелационен суд на Соединетите Американски Држави во Менхетен, објави Ројтерс.Пресудата од мај 2023 година се однесуваше на инцидент од 1996 година во соблекувалната на Бергдорф Гудман на Менхетен, каде што Керол рече дека Трамп ја силувал, како и објавата на Трамп на Truth Social, во која тој изјави дека нејзиното тврдење за силување е измама.Иако поротниците во федералниот суд во Менхетен не го прогласија Трамп за виновен за силување, тие и’ доделија на Керол 2,02 милиони долари за сексуален напад и 2,98 милиони долари за клевета, пресуда што денеска беше потврдена од федералниот апелационен суд.
A federal appeals court has upheld a jury’s finding in a civil case that Donald Trump sexually abused a columnist in an upscale department store dressing room in the mid-1990s. https://t.co/ehATBtSD8j— Press of AC (@ThePressofAC) December 30, 2024
Друга порота во јануари му нареди на Трамп да и’ плати на Керол 83,3 милиони долари за клевета и оштетување на нејзиниот углед што датира од јуни 2019 година, кога тој првпат ги негираше нејзините обвинувања за силување.Во двата случаи, Трамп рече дека не ја познава Керол, дека таа „не е негов тип“ и дека тврдењето за силување го измислила за да ги промовира своите мемоари.Трамп, исто така, ја обжали пресудата од 83,3 милиони долари. Адвокатите на Трамп не одговорија веднаш на барањата за коментар, ниту пак адвокатот Џин Керол.Судскиот процес Керол против Трамп продолжува и покрај тоа што Трамп го освои вториот четиригодишен мандат во Белата куќа на изборите на 5 ноември.Во 1997 година, во случајот против тогашниот претседател Бил Клинтон, Врховниот суд на САД едногласно одлучи дека актуелните претседатели немаат имунитет од граѓански тужби пред федералниот суд за дејствија кои не се поврзани со нивните службени должности како претседател.