Апелациониот суд Скопје, во интерес на јавноста и медиумите, информира дека постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-224/23 , а по одржана Јавна седница на 15.05.2023 година, донесе пресуда со која жалбата на обвинетиот А.Ѓ. е одбиена како неоснована, додека жалбите на обвинетите А.К. и К.Л. се делумно уважени, на начин што пресудата на Основниот кривичен суд, се преиначува и по однос на досудениот износ на име нематеријална штета и обвинетите се задолжени, солидарно, на мајката на починатиот Денис Тот, Т.Т., да и исплатат 4.000.000 денари. Идентичен износ ќе треба да му се исплати и на И.Т., татко на починатиот, додека на Б.Т., брат на покојниот, му е досудена исплата на име нематеријална штета во висина од 3.000.000 денари. Согласно пресудата при исплатата ќе биде пресметана и законска казнена камата од денот на донесување на првостепената пресуда.
Апелациониот суд Скопје ја потсетува јавноста дека со првостепената пресуда за убиството на Денис Тот, обвинетите А.Ѓ. и К.Л. ги осуди на по 18 години затвор, а третообвинетиот А.К. на казна затвор казна во траење од 16 години, во кој дел првостепената пресуда овој суд ја потврди.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.