Потврдено: Социјалните мрежи не’ прават несреќни!

Дебатата околу тоа дали социјалните мрежи не’ прават посреќни или помизерни постои откако се популаризираа истите.
Благодарение на истражувањето на професорот Јохан Болен, сега конечно знаеме зошто сме толку несреќни. Со помош на неговите колеги од Универзитетот во Индијана, Болен нашол докази кои го поддржуваат „парадоксот на среќата“, ондносно тоа е она кога поединецот мисли дека сите негови пријатели се посреќни од него.
Парадоксот на среќата функционира вака: Гледате дека вашите пријатели имаат повеќе пријатели на социјалните мрежи од вас и почнувате да се чувствувате помалку популарно и почнувате да се чувствувате непријатно. Дали нешто случно ви се случило? Ако одговорот е да – ова им се случува и на милиони други луѓе кои почувствувале несреќа или тага заради социјалните мрежи и фактот дека таму се е достапно и лошо претставено.
Се до истражувањето на Болен, доказите за оваа теорија не биле баш прејаки. Тој и неговите истражувачи пронашле веродостојна врска помеѓу социјалните мрежи и намаленото чувство на вредност на човекот за самиот себе. Заради чудните начини на кои стекнуваме пријатели на Фејсбук или Твитер, нашата перцепција за тоа кој е подобро поврзан и има повеќе пријатели е сосема искривена.


Ова води кон „Парадоксот на пријателството“, кој според „Технолоџи Ривју“ оди вака:
„Замислете дека имате 10 пријатели и дека 9 од нив исто така имаат по 10 пријатели. Но, еден од вашите пријатели има милион пријатели. Во тој случај, вашите пријатели имаат приближно 100.000 пријатели во просек, додека вие имате само 10. И секој од вашите пријатели е во иста позиција, освен пријателот кој има милион пријатели.“
По таа логика, ако е математични возможно сите ваши пријатели да имаат повеќе пријатели од вас, тогаш истата теорија може да се аплицира и на среќата.


За да ги најдат своите докази за „парадоксот на среќата“, Болен и неговиот тим истражувале 3000 твитови испратени од 40.000 твитерџии. Користејќи основен алгоритам, тие го определиле тонот на секој твит, односно дали е позитивен или негативен, опишувајќи ја емотивната состојба на твитерџијата. Тимот работел под претпоставка дека среќната личност генерално твита позитивни работи, додека негативната личност твита негативни работи. На сето ова тие ја вклучиле и бројката на следачи која секој поединец ја има.
Она што го заклучиле укажува на тоа дека колку сте потажни и подепресивни, толку повеќе го искусувате „парадоксот на среќата“. Болен и неговиот тим велат: „Иако среќните и несреќните субјекти се подеднакво на удар од „парадоксот на среќата“, несреќните субјекти се поизложени на него.
Ете. Вашиот заклучок дека вашите пријатели и сите останати се посреќни од вас. Но, дали е тоа навистина така? Болен вели дека овој парадокс може да извира од неочекувано место велејќи: „Несреќата е позаразна од среќата за одредени поедници“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.