Основниот суд Скопје 2, преку Службен весник го бара главниот и одговорен уредник на 1ТВ, Ацо Кабранов. Во судскиот оглас објавен во вчерашниот Службен весник, стои дека Скопски пазар АД Скопје, поднесе тужба против Здружението на граѓани Про Либерти и против новинарот Ацо Кабранов за утврдување граѓанска одговорност за клевета и надомест на штета со вредност на спорот 10.100 денари.
Како што се наведува во огласот адресата на Кабранов е засега непозната. Поради тоа Кабранов треба да се јави во Судот лично или преку полномошник во рок од 30 дена.