Потона и скапоцената јахта на Берлускони: Апокалиптични сцени после големото невреме на италијанскиот брег

Повеќе од стотина луксузни јахти, меѓу кои и јахтата на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, беа уништени откако северозападниот брег на Италија беше погоден од силно невреме.
Италијанските медиуми пренесуваат дека пристаништето Рапало во северозападната италијанска провинција Лигурија изгледа „апокалиптично“ после налетот на големата бура.
Во бурата биле уништени околу 180 пловила, а биле регистрирани бранови со висина од 10 метри. После бурата, на брегот завршиле стотици јахти и чамци од средна и мала големина.

Една од јахтите кои што потонале во невремето, според италијанските медиуми му припаѓа на Силвио Берлускони.
Инаку, уште поголем хаос настанал откако попуштила брана висока 6,5 метри, по што за пловилата веќе немало спас.
За време на големото невреме, според последните информации, загинале најмалку 11 лица, а исто така големо невреме го погоди и североисточниот италијански брег на Јадранското море. Еден од најпопуларните туристички градови во Италија, Венеција исто така заврши под вода – тамошните градски власти измериле рекордни 156 сантиметри за прв пат од 2008-ма година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.