сабота, 14 ноември 2026
Најново

Потона познат сплав

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Познатиот белградски сплав „Фристајлер“ околу полноќ почнал да тоне, но за среќа никој не е повреден! Очевидци и луѓе кои биле на сплавот велат дека настанала паника и дека сите почнале да трчаат надвор кога водата почнала да се крева.

Една девојка снимила видео веднаш по симнувањето од потонатиот сплав и го објавила на социјалната мрежа Тикток.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Здраво на сите, ја чекавме Новата година на „Фристајлер“ и сплавот почна да тоне луѓе! Значи, водата ни беше до колена. Почна да тоне баша кај нас во сепарето. Јас почнав да плачам и да врескам.

Добро е што сите преживеавме. Можеше да се удавиме во таа вода, вели девојката пред сплавот и додала дека „по се што се случило, ситуацијата и е смешна, но дека всушност ништо не е смешно и сите едвај излегле живи“.

Поврзани вести