Потона сплав на Сава, евакуирани стотици млади – се започнало со тепачка!

Потона сплавот „Картел“ на кејот Сава во Белград, додека на него се забавувале стотина млади, меѓу кои и голем број средношколци. Многумина во паника скокале во водата. Евакуирани се 114 лица. Брзата помош згрижила 10 малолетници, додека двајца поради алкохолизам се пренесени во ВМА. Нема жртви, ниту повредени.

Два хороскопски знаци кои секогаш се подготвени да помогнат
За некои луѓе помагањето доаѓа природно – тие се секогаш тука кога е најпотребно, без разлика дали се работи за мали секојдневни ситуации или сериозни кризи. Нивната подготвеност за поддршка и сочувство ги …
Составот на Кабинетот на Трамп: Кои се избрани досега?
– Додека Доналд Трамп се подготвува да се врати во Овалната соба како 47-ми претседател на Соединетите Американски Држави (САД), тој продолжува со откривање на своите соработници во неговата администрација за својот четиригодишен …

Полицијата добила дојава дека сплавот тоне, нешто по полноќ, поради што ангажирани биле 30 пожарникари-спасувачи, со 11 возила и пет специјалистички екипи за спасување и водови, како и голем број припадници на жандармеријата, полицијата и брзата помош.

Брзата помош згрижила 10 малолетници и им ги предала на родителите, а двајца 17-годишници поради алкохолизам се пренесени во Медицинскиот центар. Дежурниот лекар изјави дека голем број млади луѓе биле во алкохолизирана состојба.

Од итната помош велат дека се започнало со дојава за тепачка на сплав.

Од МУП наведуваат дека има индиции дека имало тепачка, но дека истрагата ќе ги утврди сите детали. Како дошло до потонувањето ќе се знае во наредните денови, соопштија од полицијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.