Потона сплав на Сава, евакуирани стотици млади – се започнало со тепачка!

Потона сплавот „Картел“ на кејот Сава во Белград, додека на него се забавувале стотина млади, меѓу кои и голем број средношколци. Многумина во паника скокале во водата. Евакуирани се 114 лица. Брзата помош згрижила 10 малолетници, додека двајца поради алкохолизам се пренесени во ВМА. Нема жртви, ниту повредени.

Не очекувавме дека некои земји ќе ни забијат нож во грб
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Њујорк изјави дека Србија добила информација за тоа кој ќе гласа за резолуцијата за геноцид во Сребреница и дека ќе има „разочарувачки вести во …
,,Станувам пред зори и ги хранам прасињата!” – Вака изгледа животот на Вељко Ражнатовиќ во Тител: ,,Луѓето се поладни, сè е поинаку…” (фото)
Вељко Ражнатовиќ го замени Белград со Тител. Зад себе го остави животот во луксузната вила на Дедиње и замина на село а сега откри што прави кога не е во рингот.Неодамна учествуваше на Европското првенство, …

Полицијата добила дојава дека сплавот тоне, нешто по полноќ, поради што ангажирани биле 30 пожарникари-спасувачи, со 11 возила и пет специјалистички екипи за спасување и водови, како и голем број припадници на жандармеријата, полицијата и брзата помош.

Брзата помош згрижила 10 малолетници и им ги предала на родителите, а двајца 17-годишници поради алкохолизам се пренесени во Медицинскиот центар. Дежурниот лекар изјави дека голем број млади луѓе биле во алкохолизирана состојба.

Од итната помош велат дека се започнало со дојава за тепачка на сплав.

Од МУП наведуваат дека има индиции дека имало тепачка, но дека истрагата ќе ги утврди сите детали. Како дошло до потонувањето ќе се знае во наредните денови, соопштија од полицијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.