Идеално јадење за во летните горештини.
Состојки:
4 тиквички
4 домати
150 гр кисела павлака
200 гр кашкавал
2 чешниња лук
малку масло
сол, бибер
свеж копар
свеж магдонос
Подготовка:
Измијте ги доматите и тиквичките и исечете ги на прстени, а потоа посолете ги и оставете ги десетина минути.
Огноотпорниот сад намачкајте го со масло, па наредете ги тиквичките, па доматите. Постапката повторете ја додека не останете без зеленчук.
Посипете сè со копар и зачини по вкус.
Лукот ситно исечкајте го, па измешајте го со павлаката и посолете малку.
Промешајте, па премачкајте ги тиквичките и доматите.
Кашкавалот изрендајте го на крупно ренде, па посипете го врз подготвеното јадење.
Се пече во загреана рерна на 180 степени Целзиусови околу 45 минути.
Пред сервирање, украсете со малку свежо сечкан магдонос одозгора.