недела, 29 ноември 2026
Најново

Потпретседателката на СДСМ, Костова: Мицкоски и ДПМНЕ се обидуваат на секој начин да спречат да се испорача правда за најголемата трагедија во историјата на самостојна Македонија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Дека угостителските објекти на газда Деко биле попатна станица на секој предизборен караван на ДПМНЕ е општо познат факт за кочанската јавност.

Дека Дуци и Ж’ти се лепенки на Иван Јорданов и големи активисти на ДПМНЕ е општо познат факт за штипската јавност.
Дека Мицкоски и ДПМНЕ се обидуваат на секој начин да спречат да се испорача правда за најголемата трагедија во историјата на самостојна Македонија е општо познат факт за македонската јавност.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Во оваа работа, муабетот „сите се исти“ не може да им пројде.

Ниту обидите за дефокус преку некаква си „верига“, ниту силните притисоци и уцени врз Обвинителството, ниту која било режимска тактика применета од ДПМНЕ за замолчување и заплашување, нема да ја сокријат вистината.

А, вистината е болна колку што е сурова.

И сите докази за одговорност, за злоупотреба и за загрозување на млади животи, упатуваат кон лавчето и Белата Палата.
За вакви недвосмислени докази на длабоко вкоренета, партиски организирана корупција која ништи животи, паѓаат Влади во светот.

Кај нас е само обична, дождлива недела.

Поврзани вести