Таа во Скоје ќе има средби со претседателот на собранието, Џафери, со претставници на собраниските тела и на пратеничките групи. Во соопштение од амбасадата на Франција се наведува дека „посетата Конве-Муре ги реафирмира односите на доверба и пријателство помеѓу францускиот сенат и македонското Собрание, како и кон граѓаните во целина. Конве-Муре учествуваше и во изготвувањето на предлог-законот за ратификување на протоколот за членство на земјава во НАТО, што минатиот месец во прво читање помина во сенатот на Франција и се очекува наскоро да биде усвоен во националното Собрание.