Потребни ви се само 10 минути дневно: Направете ги овие работи и ќе бидете поздрави и посреќни

За будење на организмот и зајакнување на вашиот имунитет потребни ви се само 10 минути дневно.
Затоа заборавете на изговорите и почнете да мислите на вашето здравје.
Една минута за смеење: Само 60 секунди му се доволни на мозокот за да почне да лачи ендорфин, кој ги опушта мускулите.
Три минути за појадок: За брз и здрав појадок спремете јајца. Тие се богати со хранливи состојки, лесно се подготвуваат, а се погодни и за оние кои сакаат да ослабат.


Пет минути за физичка активност: Само пет минути вежбање дневно можат да имаат позитивно дејство на вашето здравје и да го покренат метаболизмот. Познатиот тренер Бен Гринфилд советува секое утро да правите 25 кратки скокови, 20 стомачни, 10 лесни склекови и 15 сквотови.
Една минута за заблагодарување: Научете да кажувате благодарам. Не само што ќе му го подобрите расположението на оној што му ја упатувате благодарноста, туку ова магично зборче ќе има многу позитивно влијание и на вашето здравје. Разбирањето и вреднувањето има позитивен ефект на срцето и го зајакнува имунолошкиот систем.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.