Потресна атмосфера пред ОЈО: Свеќи за жртвите на Онкологија и за роденденот на малата Јана, денес ќе наполнеше шест години!

Правда за жртвите на Онкологија денеска демонстрантите побараа и од пред Основното јавно обвинителство.

Пред Обвинителството присутните запалија и свеќи и оддадоа почит за починатите со едноминутно молчење.
– Јана денеска требаше да полни шест години, здраво, право девојче… Ако не се соживувате со смртта на Јана, на сите прерано заминати од Онкологија, модуларната болница во Тетово, сакам едно да ви порачам. Вистината е спас и Бог и ангелите ќе бидат со нас да го срушиме ова зло, се во историјата имало разрешнија и ова ќе има, порача кумот на малата Јана.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.