Беки Холт, 36-годишна која медиумите ја нарекуваа најтетовирана жена во Британија, потрошила 41 илјада евра на своите тетоважи кои го покриваат речиси секој сантиметар од нејзиното тело.Покрај тетоважите кои покриваат 95 отсто од нејзиното тело, Беки истетовирала и дел од лицето, делот околу носот, усните и дланките, а пред тоа изгледала поинаку.Becky Holt, conocida como la mujer más tatuada de Gran Bretaña, remeció las redes con su último tatuaje y con una imagen de cómo era antes de enamorarse del arte corporal. https://t.co/amdr6bV4Lp— Show y Fama (@showyfama) October 12, 2023Британката пред осум години беше во венчаница кога позираше на ревија за тетоважи во Лондон, а многумина беа изненадени од тоа како изгледала со многу помалку тетоважи отколку што има сега, барем кога е во прашање нејзиното лице.Инаку, Беки, која на Инстаграм ја следат 150 илјади луѓе, во претходните интервјуа призна дека се соочува со критики поради нејзините тетоважи, како и дека луѓето мислат дека е во банда, но и дека и е забранет влез во некои јавни места.„Кога бев во Турција, јас и мојот пријател одевме до еден бар. И двајцата имаме тетоважи на лицата и местото беше празно, но обезбедувањето рече дека е полно и не можеме да влеземе“, рече таа.
Пронајдете не на следниве мрежи: