Поучна приказна за деца и родители: Како живеат сиромашните луѓе во село?

Еден ден, многу богата, добро ситуирана мајка ја однела својата ќерка на село со единствена цел, да ѝ покаже како живеат сиромашните луѓе.
Тие поминале неколку ноќи и денови на фарма која им припаѓала на луѓе со мали месечни примања – односно семејство што живее едноставен живот.
Деновите таму биле исполнети со интересни активности како полнење вода за пиење од бунар, долги прошетки и уживање во природата, пливање во потокот, средување на градината, задолженија околу фармата, животните и секако многу смеа, забава и љубов.
Откако се вратиле во големиот град и луксузниот стан во високиот облакодер, мајката ја прашала ќерката што мисли за времето поминато на фармата.
„Прекрасно беше мамо“ – одговорила ќерката.
„Интересен ли ти беше начинот на живот таму?“ – прашала мајката.
„Да“ – одговорила ќерката.
„Што научи од времето поминато на фармата?“ – прашала мајката.


Ќерката одговорила:
„Забележав дека ние имаме една мачка и едно куче, а тие имаат четири кучиња и три мачки. Ние имаме мермерен базен кој се протега до нашата градина во летната куќа, а тие имаат голем поток кој се извива низ шумата. Ние имаме модерни соларни светилки во нашата градина, а тие имаат шест милиони ѕвезди на небото. Од нашиот балкон се гледа валканиот град, додека тие гледаат кон прекрасните шуми.
Ние немаме плодни поседи и никогаш не ја допираме земјата, освен во текот на летото кога одиме во викендичката, а тие садат растенија и се во контакт со земјата скоро секој ден.
Ние купуваме храна од супермаркет, а тие самите си ја произведуваат својата храна. Ние имаме компјутерски кодови и лозинки да нѐ заштитат од злото; тие ги имаат животните, семејството и соседите.“
Мајката oстанала по малку изненадена.
Тогаш нејзината ќерка додала: „Ми стана јасно колку сме ние сиромашни и колку посреќни можеме да бидеме.“

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.