Поучна приказна која ќе ви го смени животот: Куфер во Божја рака

Дијалог помеѓу Бог и мртов човек. Проследете ја оваа поучна приказана и уживајте во сите мигови од животот.
Бог: Во ред е сине мој, време е да тргнеме.
Човек: Толку бргу? Имав многу планови.
Бог: Навистина ми е жал, но време е да тргнеме.
Човек: Што имаш во тој куфер?
Бог: Тоа што ти припаѓа.
Човек: Тоа што ми припаѓа? Мислиш, мои работи, облека, пари…
Бог: Тие работи никогаш не биле твои, тие и припаѓаат на Земјата.
Човек: Дали се тоа моите сеќавања?
Бог: Не, тие му припаѓаат на Времето.


Човек: Дали се тоа моите таленти?
Бог: Не. Тие им припаѓаат на околностите.
Човек: Дали се тоа моите пријатели и семејството?
Бог: Не сине. Тие му припаѓаат на Патот по кој одеше.
Човек: Дали се тоа мојата жена и децата?
Бог: Не. Тие му припаѓаат на твоето Срце.
Човек: Тогаш тоа мора да биде моето тело.
Бог: Не. Не. Тоа и припаѓа на Прашината.
Човек: Тогаш тоа сигурно мора да биде мојата Душа!


Бог: Грешиш сине. Твојата Душа ми припаѓа на мене.
Човекот со солзи во очите и со страв го земал куферот од Божјата рака и го отвори. ПРАЗЕН! Со скршено срце и со солзи кои се тркалаа по неговите образи, Човекот го праша Бога.
Човек: Никогаш ништо не беше мое?
Бог: Така е. Никогаш ништо немаше.
Човек: Па тогаш? Што беше мое?
Бог: Твоите МОМЕНТИ. Секој момент кој го живееше беше твој.
Животот е миг. Миг кој ни припаѓа на нас. Уживајте во овој МОМЕНТ додека го имате. Не дозволувајте било што да ве запре да ја извршувате работата во која уживате. Живејте го својот живот СЕГА. Не заборавајте да бидете среќни, затоа што тоа е ЕДИНСТВЕНОТО што е важно. Материјалните работи и се за што се боревте во животот останува зад вас. Ништо не можете да земете со себе. Тоа што е навистина важно е да ги ЖИВЕЕТЕ СВОИТЕ МОМЕНТИ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.