Почесто мерете се на вага за празниците

Британски професори сметаат дека мерењето на вага двапати седмично како навика за време на божиќните празници, не само што може да не ги зголеми килограмите, туку може да предизвика и слабеење, објави „Дејли мејл“.
Истражувањето на универзитетите на Бирмингем и Лафброу опфатило 270 доброволци, главно жени на просечна возраст од 44 години. Тие биле поделени во две групи, при што на првите им препорачале правила за одржување на линијата, а другите ги оставиле да продолжат со вообичаената рутина.
Кај вторите е забележано зголемување на тежината, а првите ослабнале во просек 130 грама, од ноември до јануари.


За празниците, луѓето може да внесат дури 6.000 калории на ден, три пати повеќе од дозволеното.
Стручните препораки за испитаниците опфаќале и пешачење и трчање, со цел согорување на калориите. На пример, по испиена чаша греано вино требало да пешачат 33 минути; 100 грама печени компири се трошат со 27 минути пеш или 14 минути трчање…
Натаму, се препорачува исхрана во точно одредено време, без разлика дали тоа ќе биде два или петпати дневно, да се избира храна со помалку масти, да не се заборави движењето – барем 60 до 90 минути умерено пешачење дневно.
Би било корисно и да не се преполнуваат чиниите, да се внесува повеќе зеленчук, а да се намалат алкохолот и соковите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.