Почеток на 5. Скопски поетски фестивал на повеќе локации во Скопје

Петтото издание на Скопскиот поетски фестивал ќе се одвива од 24 до 26 април на различни локации во Скопје, вклучувајќи ги Младинскиот културен центар во Скопје (кино „Фросина“ и галеријата), кафе-книжарницата „Буква“ и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. На фестивалот ќе учествуваат поети од пет земји: Словенија, Турција, Грција, Србија и Бугарија, како и околу триесетина домашни автори. Тема на ова издание е „Од ритам до алгоритам“, со која се прославуваат не само петте години на фестивалот, туку и 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик. Постерот го изработи Андреј Павлов.
Настанот ќе започне на 24 април во Младинскиот културен центар – Скопје, со разни културни активности како поетски читања, музички перформанси, промоции на книги и работилници за креативно пишување. Пред да започне фестивалот, на 12 април, ќе има настан за млади поети „Отскочна даска #4“ во кафе-книжарницата „Буква“.
Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и Традуки, со дополнителна поддршка од Младинскиот културен центар – Скопје, кафе-книжарницата „Буква“, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, „ПНВ Публикации“ и хотел „Цара 1928“. Ве чекаме со нетрпение!
The post Почеток на 5. Скопски поетски фестивал на повеќе локации во Скопје appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: