Бесим Камбери, Онур Садику, Јовица Трпевски, Зоран Давидовски и Бобан Аврамовски се петтемина од загинатите во вчерашната ужасна сообраќајка на патот Скопје-Тетово.
Бесим Камбери од гостиварското село Сенокос е жртва од тешката сообраќајка кај Карпалак, чие име е објавено во јавноста.
Деветнаесетгодишниот Онур Садику е еден од загинатите во превртениот автобус на Дурмо Турс, кој вчера излета од патот Скопје-Тетово.
Град Скопје денеска со тага ја прими веста за прераната и неочекувана смрт на својот колега и пријател Зоран Давидоски, кој трагично го загуби својот живот во вчерашната сообраќајна несреќа што ја потресе целата држава, велат од Градот.
Меѓу починатите, како што потврди СДСМ за МИА, е и 25-годишниот Јовица Трпевски, син на пратеникот од оваа партија Благојче Трпевски од Гостивар.
Бобан Аврамоски е името на еден од 14 загинати. Бобан беше студент на ФОН Универзитетот, на Фејсбук групата на Универзитетот објавија сочувство до семјеството.
Пронајдете не на следниве мрежи:
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.