Починаа уште двајца, бројот на загинати во масакрот во Ел Пасо се зголеми на 22

Бројот на загинати во масакрот во американскиот град Ел Пасо, Тексас, од вчера се искачи на 22, откако две повредени лица им подлегнаа на повредите.
Д-р Стивен Флаерти од Медицинскиот центар Дел Сол објави дека еден пациент починал вчера, додека порано полицијата соопшти дека уште едно повредено лице им подлегнало на повредите.
Нападот во Ел Пасо се случи во саботата навечер, само неколку часа пред друг напад во Охајо, каде загинаа девет лица во Дејтон, а 16 беа повредени.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.