Како што пишуваат хрватските медиуми, напаѓачот се повредил самиот и му се помага додека истовремено е под полициски надзор бидејќи веднаш бил уапсен.
Починатото дете има седум години и посетувало прво одделение, пишуваат хрватските медиуми.
Наводно, напаѓачот со нож влегол во училиштето на првиот час на кој наишол. Не се знае дали жртвите биле само од тој клас или и од други. Состојбата во училиштето е драматична, некои од децата се изнесени од училиштето, а други сè уште се во зградата. Вработените се во шок, многумина во солзи.
На социјалните мрежи се шират непотврдени информации дека деца скокнале од прозорците.
На местото на настанот има многу полиција и најмалку шест возила на брзата помош.
Страшен инцидент се случи во основно училиште во Пречко во Загреб кога тинејџер (19) со нож нападнал наставник и неколку ученици, а едно дете починало, информираат од Министерството за здравство на Хрватска.