Починат пациент удраден од Инфективно одделение во болницата во Струмица

Утринава од амбулантата на Инфективното одделение во болницата во Струмица е украден починат пациент. Директорот на болницата Наќе Гогов кажа дека 49-годишен пациент од Струмица утрово околу 9 часот бил хоспитализиран во инфективната амбуланта со зголемена температура, висок крвен притисок и малаксаност и починал за кусо време.

Веднаш потоа, неговите најблиски, со 20 други луѓе, влегле во инфективната амбуланта и сосе кревет го извадиле надвор, каде што ги чекало комбе и го транспортирале дома.

Креветот на кој лежел починат пациент и кој го украле роднини од инфективната амбулната во Струмица, подоцна е вратен во болницата, потврди Наќе Гогов, директор на болницата каде што утринава се случувала вистинска драма.

На починатиот пациент не стигнале да му направат тест за ковид-19. Струмица е ново жариште на коронавирусот, во моментов има активни 108 случаи на ковид-19.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.