недела, 22 ноември 2026
Најново

Почина актерката позната од „Очајни домаќинки“ и „Младиот Шелдон“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Почина Валери Махафи, популарната ѕвезда од “Очајни домаќинки”
Познатата актерка Валери Махафи, која го освои срцето на обожавателите со улогите во сериите „Очајни домаќинки“ и „Младиот Шелдон“, почина на 71-годишна возраст, потврди нејзиниот ПР.
Валери, носителка на престижната награда Еми, беше дијагностицирана со рак и животот го изгуби во петокот во Лос Анџелес.
Нејзиниот сопруг, Џозеф Кел, изрази длабока тага по загубата на својата сакана. „Ја изгубив љубовта на мојот живот, а Америка едно од своите најомилени лица. Искрено ќе ни недостига,“ изјави тој за еден познат американски магазин.
Својата популарност Валери ја стекна играјќи интересни и ексцентрични ликови, кои освоија многу срца. Нејзините најзначајни улоги вклучуваат Ева во серијата „Северна експозиција“, Алма Хоџ во „Очајни домаќинки“ и фрустрираната учителка во „Младиот Шелдон“.
Таа е позната и по своето учество во филмовите со звезди како што се Мишел Фајфер и Том Хенкс во „Француски излез“ и „Сали“.
Наскоро, Валери глумише во серијата на Епл ТВ+ „Екло 3“, која се емитуваше во 2022 година, како и во филмот „Осмиот ден“, кој го виде светлото на денот почетокот на оваа година.
Многумина ја опишуваат како „потценета“ актерка, чие уметничко наследство и ќе биде запаметено.

Поврзани вести