Македонскиот актер Митко Апостоловски почина на 67 годишна возраст.
Веста за неговата смрт преку социјалната мрежа Фејсбук ја пренесе неговиот колега Петар Горко.
– Почивај во мир, колега, пријателе, прекрасен човеку. Неизмерна загуба чувствувам. Нека ти е вечен споменот, напиша Горко.
Митко Апостоловски е роден во Битола на 7 март 1955. Дипломирал на Вишата музичка школа во Скопје (Отсек за драмски глумци). Работел во Народниот театар во Битола (1973 — 1974) и во Народниот театар во Куманово (1980 — 1995).
Апостоловски ги одигра театарските улоги: Фезлиев (“Црнила”), Војдан (“Тетовирани души се враќаат дома”), Креонт (“Медеја”), Дидро (“Развратникот“), играше во „Кралски игри“, „Обична приказна”, „Јонадаб“ и многу други.
Зад себе ги остави значајните улоги и во телевизиските серии и филмови: Наши години, Илинден, Белото циганче, Бог да ги убие шпионите, Проколнати, Заборавени, Во светот на бајките, Трето полувреме, Македонските народни приказни, Година на мајмунот, Последниот Македонец, Големата вода, Тврдокорни, Јас сум од Титов Велес, До Балчак и други.
Беше добитник на повеќе награди и признанија меѓу кои: Награда за машка епизодна улога во претставата “Иванов” за улогата на “Шабељски” на МТФ “Војдан Чернодрински“, Наградата “Ристо Шишков” за најдобро актерско остварување итн.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.