Почина Амди Барјам, бил позитивен на КОРОНА вирус

Почина Амди Барјам, бил позитивен на КОРОНА вирус

Сојуз на Ромите од Македонија јави дека поради проблеми со срцето на 64-годишна возраст почина поранешниот пратеник Амди Бајрам.

Бајрам беше познат по честото менување на ставови и поддржување наизменично на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Амди исто така учествуваше и во промена на името на Република Македонија.

Бајрам во 2004 беше обвинет за кражба на платно од штипската фабрика „Македонка“ вредно 750 илјади евра. Тој првично беше осуден на 7-годишна казна затвор, која потоа му беше намалена на 4 години.

Бил член на Партијата за целосна еманципација на Ромите, потоа независен пратеник. Роден 1956 година во Скопје, Ром. сега е претседател на Сојузот на Ромите на Македонија. Завршил Средно трговско училиште. Бил генерален директот на претпријатието „Шутекс“. Живее во Скопје.

Ќе остане запаметено неговото покажување на среден прст на насовраните протестанти пред Собранието на РМ. Пратеникот од владејачката коалиција Амди Бајрам, недолично ги навреди насобраните граѓани. Додека поминуваше покрај приврзаниците на власта со крената рака викна – „Ќе ги победиме“, но кога се приближи до оние коишто ја поддржуваат опозицијата, која што го исвирка, на вулгарен начин ја крена раката и им покажа среден прст.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.