Бебе старо осум дена починало вчера на Детската клиника во Скопје.
Според непотврдени информации, бебето било донесено од Струмица, во многу тешка состојба, а информациите се дека починало од сепса.
Директорот на Детската клиника – Реџеп Мемеди, одбил да даде конкретни информации, а притоа рекол дека секојдневно низ Клиниките во земјава умираат деца.
За потсетување, минатиот месец четиринаесетмесечно бебе почина на Клиниката, по што двајца лекари беа суспендирани.