Претседателот на Венецуела Уго Чавез почина како последица од ракот, соопшти ноќта кон средата AFP, повикувајќи се на изјава на заменик-претседателот Никоалс Мадуро.„Ја добивме најужасната и трагична вест, дека претседателот Уго Чавез почина денеска (вторник) во 16,25 часот ( 21.55 часот по македонско (време) почина нашиотКоманданте, претседателот Уго Чавез Фриас. Ова е момент на длабока болка“, изјавил во диркетно обраќање на државната телевизија заменик-претседателот Николас Мадуро, кого и претходно го сметаа за наследник на Чавез, опкружен со венецуелските политички и воени челници.Откако во понеделникот беше објавено дека силно се влошило здравјето на венецуелскиот претседател Уго Чавез, во главниот град Каракас беше свикана вонредна седница на владата. На седницата претседаваше Николас Мадуро, кого Чавез го именувал за свој наследник.„Командантот Чавез се наоѓа во најлошата состојба од моментот на неговата последна операција”, изјави заменикот-претседател на Венецуела неколку часа претходно навестувајќи дека следните часови можат да се покажат „многу тешки”, имајќи предвид дека кај Чавез е утврдена „многу тешка” респираторна инфекција проследена со „компликации”.На почетокот од декември 2012 година, Чавез во кубанската престолнина Хавана беше подвргнат на четвртата операција во врска со ракот, кој му беше дијагностициран кон средината на 2011 година. Потоа, следните два месеца беше подложен на третман за рехабилитација на клиниката во Хавана, а во средината на февруари неочекувано беше префрлен во воената болница во Каракас.Чавез беше на власт во Венецуела од февруари 1999 година. Тој освои три последователни претседателски избори, последниот во октомври 2012 година, со мандат да управува со земјата до 2019 година. Тоа беше овозможено откако во 2009 година беше одржан референдум со чии резултати беше укинато ограничувањето коешто не дозволуваше иста личност да извршува изборни функции неколку пати.Од средината на 2011 година врз Чавез се направени четири операции. Во јуни 2011 година, во главниот град на Куба, венецуелскиот претседател беше подвргнат на операција поради внатрешен апсцес. Тогаш му беше отстранет малигниот тумор на цревата. На крајот од февруари 2012 година Чавез повторно беше опериран. Кон крајот на ноември минатата година, претседателот на Венецуела пак беше хоспитализиран на Куба, каде што беше подложен на физикална терапија и лекување во хипербарична комора за зајакнување на неговата општа здравствена состојба, но истовремено му беше извршена уште една операција.Педесет и осум годишниот Уго Чавез беше еден од најекспонираните, најгласни и најконтроверзни лидери во Латинска Америка, поранешен воен падобранец кој својот прв мандат го освои во 1998 година, а последниот пред само четири месеци.Заменик-претседател Николас Мадуро по објавувањето на смртта на Чавез дека „во овој момент“ во тек е разместувањето на специјалните воени сили „за да се заштити населението и да се гарантира безбедноста во земјата“. Воените команданти коишто го придружуваа му ја искажаа својата целосна лојалност.
МакфаксПретседателот на Венецуела Уго Чавез почина како последица од ракот, соопшти ноќта кон средата AFP, повикувајќи