Во СВР Скопје вчера во 17.25 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„500“ и ул.„401“ во населеното место Марино, скопско, патничко возило „Хонда цивик“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С. (46) од населба Илинден, скопско, удрило во пешакот В.Н.(78) од Марино, а потоа со возилото го напуштил местото на настанот.
Во несреќата од здобиените тешки телесни повреди на местото на настанот починала В.Н., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител телото на почината било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.
Полициски службеници од Полициското одделение Петровец по преземени мерки го пронашле возачот и сопственикот на патничкото возило. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, инфоВо СВР Скопје вчера во 17.25 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„500“ и ул.„401“ во населеното место Марино, скопско, патничко возило „Хонда цивик“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С. (46) од населба Илинден, скопско, удрило во пешакот В.Н.(78) од Марино, а потоа со возилото го напуштил местото на настанот.
Во несреќата од здобиените тешки телесни повреди на местото на настанот починала В.Н., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител телото на почината било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.
Полициски службеници од Полициското одделение Петровец по преземени мерки го пронашле возачот и сопственикот на патничкото возило. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат од МВР.