Повеќекратниот македонски бодибилдинг и фитнес шампион Мирко Петровски почна денеска во Скопје на 47-годишна возраст.
Сочувство по повод смртта на Петровски, меѓу другите, изрази и бодибилдинг и фитнес Федерацијата на Македонија
„Жална вест за сите вљубеници во бодибилдингот и фитнесот во Македонија. Утрово нè напушти Мирко Петровски. Нека почина во мир“ се вели во објавата на социјалните мрежи.
Петровски долги години беше професионален бодибилдинг и фитнес инструктор.
Во 2013 година му беше врачена државната награда „8-ми септември“ за особен придонес во развојот на спортот во Македонија.