Почина Милан Панчевски

Вчера во 84-тата година од животот почина Милан Панчевски, долгогодишен општествено-политички работник во Социјалистичка Република Македонија и поранешната југословенска федерација. Во својот работен век Панчевски извршуваше повеќе одговорни високи државни функции на републичко и на тогашно сојузно ниво. Тој беше последниот претседател на Централниот комитет на Сојузот на комунистите на СФР Југославија.
По осамостојувањето на Република Македонија, Панчевски се пензионира и се повлече од активното занимавање со политика, а беше почесен претседател на политичката партија Сојуз на комунистите во самостојна Македонија.
Посмртните останки на Панчевски ќе бидат изложени во капелата во Бутел утре, од 11.30 до 12.30 часот, по што ќе се изврши погребот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.