Бернард „Берни“ Маркус, милијардер и ко-основач на трговската компанија „Хоум дипо“ (Home Depot), починал денеска на 95-годишна возраст, јавија американските медиуми. Тој беше еден од најголемите донатори на Републиканската партија, а во последните години и отворен поддржувач на поранешниот претседател Доналд Трамп.
Маркус, чие богатство се проценува на околу 11 милијарди долари, го основа ланецот продавници во стил на стоваришта „Хоум дипо“ заедно со Артур Бленк во 1978 година. Малопродажниот гигант денес има 2.300 продавници и пазарна вредност од речиси 400 милијарди долари.
Роден во 1929 година во Њуарк, Њу Џерси, од руски еврејски имигранти, Маркус бил најмладиот од четири деца. Дипломирал на Универзитетот Рутгерс со диплома по фармација, по што започнал кариера во малопродажба, работејќи за различни синџири.
Како жесток републиканец, Маркус во последните донираше милиони долари за кампањите на десничарските политичари, вклучително и покојниот Џон Мекејн, актуелниот гувернер на Флорида Рон ДеСантис, како и за кампањите на Трамп.